Луѓето прават луди работи за љубов. Но, за да одбегнат љубов?
Триесет и двегодишен маж од Индија направил цел план како да лажира терористички заговор за да не мора да оди на одмор со девојката.
Да биде уште побизарна ситуацијата, човекот е оженет со едно дете и не можел да си дозволи да оди на одмор со девојката која ја запознал онлајн.
Мотапарти Вамши Кришна не сакал да си го намали машкото его, па наместо да ја признае вистината, станал непотребно креативен и смислил ситуација во која патувањето не можело да се случи од надворешни причини, а не бидејќи бил оженет и без пари.
Тој испратил лажно предупредување преку мејл до полицијата, лажејќи дека е жена и дека наслушнал како некој заговара да грабне авион.
Инцидентот резулирал со непотрено кревање паника и засилено обезбедување на поголемите аеродроми во Индија.
Полицијата на Хајдерабад успеала да го најде мажот по IP адресата на кампјутерот од кој ја пратил пораката во интернет кафе.
Мотапарти е во притвор.