Лажирање податоци: Кои се вистинските најсончеви европски градови?

Кога станува збор за најсончевите градови на Стариот континент, на интернет постојат неколку различни податоци, кои имаат и тотално различни листи - за да ве збунат кои се најсончевите градови.

Копнеете по сончева светлина и топлина во овие студени зимски денови, додека низ прозорецот ги гледате маглата и врнежите? Сакавме да ви понудиме листа на европски дестинации каде можете да патувате, доколку сте во можност, за да поуживате во сончеви предели. Но, излегува дека има многу дезинформации кои кружат токму на ваква тема. Како што пишува РТС, при нивното истражување прв извор била веб-страницата Statista, која пренесува податоци од различни статистички истражувања.

Таму било објавено истражувањето на Holidu, британски интернет пребарувач за туристички дестинации, врз основа на податоците собрани од веб-страницата World Weather Online. Ова истражување го пренесоа многу веродостојни медиуми и генерално неговите податоци први ќе ви излезат на интернет кога ќе ги пребарувате најсончевите градови во Европа. И резултатите воопшто не изгледаат спорно.

Така, според Holidu, најсончевите градови во Европа се наоѓаат во Шпанија. Од првите десет градови со најмногу сонце, дури шест се во оваа земја, три во Италија, а еден во Франција. Во секој случај, најголемата гаранција за сонце е, логично, на Медитеранот. Но, да одиме со ред. На прво место, како град кој во просек иам 349 сончеви часови месечно, е Аликанте, на југот на Шпанија. Следуваат Катанија на Сицилија, па Мурсија, Малага, Месина, Валенсија, Ница, Гранада, Лас Палмас, и на десеттото место Палермо со просек од 340 часа сонце месечно.

Аликанте

На истражувачите во РТС оваа листа им делувала малку необично. Пресметано со проста математика, ова значи дека горенаведените градови во просек имаат над 11 часа сонце дневно. Секој божји ден! И зиме и лете. Одлучиле да ја го побараат остатокот од оваа листа, па кога го нашле следувало дополнително изненадување.

Сѐ до 30-тото место продолжувала доминацијата на шпански и италијански градови, од традиционално сончевите португалски и грчки градови единствено на листата биле Атина на 18. место и Лисабон на 27, а од Кипар и Малта немало ни трага ни глас. Потоа им паднал в очи податокот дека на 25-тото место е швајцарскиот град Цирих со 329 часови сонце месечно во просек, па сфатиле дека тука нешто не е во ред.

Со проверка на изворната веб-страница World Weather Online, откриле дека податоците воопшто не се точни. Првиот на листата, Аликанте, кој несомнено е многу сончев град, имал 347 часа месечно, но само во текот на јули, додека во зимските месеци просечниот број на сончеви часови паѓал на 240-280. Атина, на пример, имала 363 сончеви часови во август. На оваа веб-страница нашле и други градови со повеќе сонце. Да не зборуваме за „кутриот“ Цирих, неговите просечни сончеви денови биле меѓу најниските во Европа.

„Нема да навлегуваме во тоа дали некому било од интерес да ги лажира податоците за да продаде аранжмани на овие туристички дестинации, или во прашање е само површност и незнаење на 'истражувачите'. Сепак, некој од тие податоци правел и пренесувал вест и не се запрашал. Сонцето и натаму најсилно сјае на Медитеранот, без никаков сомнеж“, наведуваат истражувачите од РТС кои ја откриле нерегуларноста на оваа листа.

Веб-страницата Current Results, која собира податоци за наука и временските прилики, исто така направила листа на најсончеви поголеми градови во Европа и на неа на првото место е престолнината на Малта, Валета, со 2.957 часови сонце годишно, што во просек би било 246 часа месечно. Потоа следуваат Марсеј, Лисабон, Атина, Мадрид, Монако, Ница, Тирана, Барселона, а на 10-тото место Подгорица. За правењето на оваа листа во обѕир биле земени само главните градови и градовите со над милион жители.

Валета

И на Wikipedia постои ваква листа, создадена од податоци од разни национални метеоролошки станици на европските земји, и е нешто поголема и опфаќа и помали градови. Тука неприкосновен на првото место е кипарски Лимасол со 3.414 сончеви часови годишно, а веднаш потоа следува и кипарската престолнина Никозија со 3.314 часови сонце. Следуваат Тавира (Португалија), Валета (Малта), Фаро (Португалија), Кадис (Шпанија) и градовите на егејските острови Крит, Родос и Самос со над 3.000 сончеви часови годишно. Потоа следуваат шпанските градови Мурсија, Севиља и Кордоба, па со по околу 2.800 сончеви часови Лисабон, Атина... а некаде на 14-тото место е победникот од почетокот на овој текст - Аликанте.

Лимасол

Да нема забуна, каде и да отидете на одмор во некоја од овие дестинации, сонцето сигурно убаво ќе ве огрее.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе