Авион на лет од Краков кон Даблин мораше принудно да слета откако беше најдена белешка во вецето во која пишуваше дека во леталото има бомба.
Летот на Ryanair беше пренасочен на аеродромот Stansted каде полицијата на Есекс спроведе темелна проверка.
Два борбени авиони на РАФ го придружуваа патничкиот авион до слетувањето во 18 часот и 40 минути по локално време.
Полицијата соопшти дека ништо сомнително не било најдено во авионот и дека двајца мажи се уапсени под сомнение за „закана за загрозување на безбедноста на патничко летало“.
Уапсените, на возраст од 26 и 47 години, се во притвор, а авионот е вратен на операторот.
„Авионот слета нормално, а патниците безбедно беа евакуирани“, стои во соопштението од авиокомпанијата.