Непознат маж се јавил во банка во Скопје и рекол дека околу објектот има поставено бомба.
Според информациите на МВР, утринава во 09:35 часот вработен во банка лоцирана на ул. „Народен фронт” пријавил дека на телефон два пати се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало: „Излезете надвор има нешто околу банката”, а потоа додало: „Тоа е бомба”.
Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена експлозивна направа.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило дека има бомба, велат од МВР.