Лажна е дојавата за бомба во скопското ОУ „Кочо Рацин“

По однос на денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава.

Оттаму информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го евакуирале училиштето.

– Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Ова е прва дојава за бомба во основно училиште, се наведува во соопштението.

Општина Центар информира и дека во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.

Во текот на денешниот закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, како и до осум средни училишта во Скопје.

По добиените пријави, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. 

реклама

Македонија

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе