Лажна пица од зелка и компири место тесто

Лажна пица од зелка и компири е неочекувано добра комбинација која ќе ви се допадне на прв залак. Се служи со сос од мајонез и павлака.

Лажните пици можат да бидат толку вкусни, дури и кога основата не е направена од тесто. Пробајте ја лажната пица, за која основата е направена од зелка и компири. Компирите се рендаат и се мешаат со јајцата, па се премачкуваат врз зелката. Оваа лажна пица од компири и зелка се служи со неодолив сос од мајонез и павлака. Во рецептот се користи кинеска зелка, но доколку ја немате, можете да користите обична зелка.

Потребни состојки:

  • 1 главица кинеска зелка
  • 2-3 компири
  • 1 лажичка сол
  • прстофат бибер
  • 2 чешниња лук
  • 1 чаша мешавина од билни зачини
  • 1 жолта пиперка
  • 3 домати
  • 1 стебленце млад кромид
  • 12 лажици паста од доматен сос
  • 100 гр моцарела

За сосот:

  • ½ чаша павлака
  • 2-3 лажици мајонез
  • 1-2 кисели краставички
  • 1 чешне лук
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Преполовете ја зелката по должина, а потоа исецкајте ги двете половинки до тврдите корени. Зелка ставете ја во сад, прелијте ја со врела вода и со шпатула истискајте ја. Оставете да отстои 10-15 минути. Во друг сад ставете изрендан компир, прелијте го со вода, измешајте и процедете. Во трет сад додадете ги јајцата, посолете и побиберете, па изматете. Додадете ги компирите во изматените јајца и добро измешајте. Исцедете ја зелката, па прво распоредете ја на 6 топчиња на плех обложен со хартија за печење, а потоа рамномерно распоредете ја зелката на хартијата. Одозгора додадете ги јајцата и компирот, а потоа и исечканите чешниња лук. Посипете со мешавина од билни зачини, а потоа нежно измешајте со шпатула. Извадете ја внатрешноста на пиперката, исечкајте ја, рамномерно распоредете ја на плехот, па притиснете ја со полесни движења. Печете 25 минути на 180°C.

Доматите исечете ги на прстени, како и младиот кромид. Додадете го сосот од домати, па премачкајте го со кујнска силиконска четка. Намачкајте ја лажната пица со домати и млад кромид, а потоа посипете со рендана моцарела. Печете ја лажната пица на 180°C околу 10-15 минути. Измешајте ги павлаката и мајонезот, па додадете ги ренданите кисели краставички и ситно сечкани чешниња лук. Зачинете го сосот со сол и бибер по вкус. Измешајте ги сите состојки за сосот, па послужете го со лажната пица.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Рецепти

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Read more

Потпечено фета сирење на медитерански начин

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе