Интернет

Лажна порака на Facebook предупредува дека личните податоци на корисниците ќе бидат јавно достапни

10. јануари 2019 - 15:31 | К.З.

Кај одредени Facebook корисници ширум светот почна да кружи порака во која тие се предупредуваат дека нивните фотографии, разговори и податоци ќе бидат изложени пред јавноста.

Од Facebook велат дека оваа информација е лажна и поради тоа веќе од утре ќе почне со испраќање предупредувањa кон корисниците за да ги извести за тоа.

Во лажната порака се наведува дека сите информации на корисниците, заедно со сите претходно објавени фотографии и разговори, ќе бидат изложени на јавноста и Facebook ќе почне да ги користи во корист на компанијата, без притоа да бара дозвола од корисниците.

Пораката се шири преку краток текст напишан со правнички речник, кој бара од корисниците да го копираат и објават на нивниот Facebook профил за да ја прошират информацијата за да ја видат што повеќе луѓе.

Неодамнешните случувања кои го засегаа Facebook и приватноста на оваа социјална мрежа направија корисниците полесно да ја „проголтаат“ лажната порака и да поверуваат дека компанијата ќе им ги искористи податоците без нивна дозвола. Дури и во случај да сакаат да се заштитат од политиките на работа на Facebook, корисниците можат тоа да го направат преку формална правна постапка, а не преку копирање и објавување на порака на нивниот профил.

Коментирај