Лажни осигурителни друштва мамат граѓани, предупредува АСО

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) апелира до граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, со оглед на тоа што во последно време се детектирани случаи на нудење, рекламирање и склучување полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување, особено од Република Бугарија, кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од АСО.

Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, а особено поради фактот што постои можност, доколку полисите ги купат од странски друштва за осигурување кои немаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, во иднина, да не можат да ги остварат своите права од склучените договори за осигурување, за кои уредно од нивна страна е платена премија за осигурување.

– Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување, информираат од АСО.

Агенцијата напоменува дека вршењето работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од Агенцијата претставува кривично дело за кое согласно Законот за супервизија на осигурување е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.

Од Агенцијата ги предупредува сите субјекти кои вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување, односно осигурително брокерски работи без дозвола од страна на Агенцијата, дека во случај на идентификување на овие субјекти, против нив ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.

Согласно Законот за супервизија на осигурување, правните и физички лица може да се осигуруваат исклучиво во друштва за осигурување кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, а за кои може да се инфомрираат на веб страницата на Агенцијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе