ЛДП бара да се забрани TikTok поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот TikTok „предизвик“, познат како „Супермен“, кој само во последните 24 часа резултираше со повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија.

Од партијата потсетуваат дека најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години.

„Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи.

Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество.

ЛДП потсетува на предлогот кој минатата година го достави до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство.

Затоа, бараме итно регулирање на содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници.

Време е да се освестиме како општество и да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на вакви опасни игри. Нашите најмлади заслужуваат детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови“, велат од ЛДП.

Албанските интелектуалци испратија писмо до Уставниот суд за седницата за Законот за јазицитеОбјавено пред 52 минути  - 7 декември, 2024Од Е. Т. / Макфакс

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе