ЛДП: Да му се забрани влез во Македонија на Додик и други спорни лица од регионот

Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија како рамноправна со другите заедници наведни во Уставот на државата и на оние помали заедници кои живеат, во Македонија, претседателот на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ги навреди сите граѓани на Македонија со своето дрско непочитување на ставовите и позициите на домаќинот, велат од ЛДП.

„Македонската држава ја признава независноста и сувереноста на државата Босна и Херцеговина, за тоа нема сомнеж кај ниту еден граѓанин и граѓанка на Македонија. Секој политички дискурс кој го доведува во прашање интегритетот на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Собранието на Македонија има консензуално усвоено Резолуција со која се признава геноцидот во Сребреница и тоа е национална позиција на македонската држава. Впрочем, тоа е и позиција на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како либерали, поддржуваме слобода на говор и секој може да каже сопствено мислење, но кога е некој поканет да говори на настан во кој е вклучена македонската држава мора да ги почитува законите и позициите на нашата држава. Оној кој го злоупотребува гостопримството треба да се соочи со откажување на истото тоа гостопримство. Оној кој е на црната листа на нашите стратешки сојузници како САД, Обединетото Кралство и Европската Унија, најмалку треба да биде гостин во Владата или Собранието на Македонија. Напротив. Не можеме од една страна да ги поддржуваме нашите сојузници од САД, Британија и ЕУ кога поради нашата нефункционалност ставаат наши сограѓани на црни листи, а од друга страна да не ги почитуваме кога истото тоа го прават со поединци од други земји, особено во нашиот регион.

Оттаму, ЛДП бара од Владата да им се придружи на санкциите на САД и на Британија и да му забрани влез во Македонија на Милорад Додик и други спорни лица од регионот“, се наведува во соопштението на ЛДП.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Македонија

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе