ЛДП: На претстојните избори ќе настапиме како дел од коалиција што ќе ја однесе Македонија во Европа

Во согласност со стратешките определби на државата и потребите на граѓаните, одлучивме на следните избори Либерално-демократската партија да настапи како дел од коалиција што ќе се залага за брза интеграција на Македонија во Европската Унија.

„За Македонија не постои друг пат, освен приклучување кон европското семејство. За доброто на државата и на граѓаните одлучивме да се приклучиме на коалицијата со која имаме исти определби во однос на евроинтеграциите“, истакнаа од Централниот одбор на ЛДП.

ЦО ја овласти претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, да ги води преговорите за идно коалирање.

„Континуирано дејствуваме во насока на брза интеграција на Македонија во ЕУ. Секојдневно ја потврдуваме нашата заложба во тој правец, па и оваа одлука – за приклучување кон коалиција со која имаме слични програмски определби и единствена цел брза европска интеграција – е донесена врз основа на идеалите што ги негуваме. Нашата мисија е исклучиво во правец на работење за доброто на граѓаните и токму поради тоа ја очекуваме нивната поддршка на претстојните избори“, изјави Зајкова.

ЛДП, следејќи ги демократските вредности и потребите на државата, ќе даде поддршка за формирање техничка влада, која ќе ја гласаат и во која ќе учествуваат припадници на опозицијата.

„Апелираме да се почитуваат законските прописи и веднаш да се избере член на Државната изборна комисија (ДИК) со цел да не се создаде ниту една причина што би можела да остави дамка врз изборниот процес“, истакнаа од ЦО.

ЦО врз основа на одлуката на Извршниот комитет на партијата за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП го избра генералниот секретар Боби Мојсоски.

Избран е и тимот за програмски преговори во рамките на претстојната коалиција, предводен од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жените, Билјана Аврамоска-Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ, Јелена Мишиќ, и членот на ИО, Горан Петрушев.

реклама

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

Македонија

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Read more

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Read more

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Read more

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Read more
 

Вести

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Читај повеќе

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Читај повеќе

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Читај повеќе

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Читај повеќе

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Читај повеќе

Менаџер на продавница во Чаир украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб

Читај повеќе

За една недела 4.490 сообраќајни прекршоци регистрирал Безбеден град

Читај повеќе

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе