ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

По повод изјавите околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава.

Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес (кој брзо беше повлечен по бурните протести на јавноста), но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции.

Од ЛДП велат дека доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“.

„Тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето – како што е Балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи“, додаваат од ЛДП.

Посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето на било каков предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение, кое ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност.

„Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата“, истакнуваат од ЛДП.

Тагови
реклама

Македонија

Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Read more

Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства на жртвите од Кочани

Read more

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири

Read more

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Read more
 

Вести

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Читај повеќе

Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Читај повеќе

Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства на жртвите од Кочани

Читај повеќе

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири

Читај повеќе

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Читај повеќе

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега

Читај повеќе

„Пулс“ имале устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Читај повеќе

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Читај повеќе