По секој пороен дожд или силен ветер, граѓаните пријавуваат штети, а Град Скопје се однесува како да нема градоначалник, реагираат од Либерално-демократската партија.

„Со цел да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сите суви дрвја во Скопје, и да се заменат со нови, здрави садници, со што ќе се обезбеди континуитет во зелениот појас на нашиот град и ќе се подобри квалитетот на животната средина. Овие дрвја претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите граѓани и нивните возила, бидејќи постои голема можност од паѓање и предизвикување штети“, предлагаат од партијата.
ЛДП ги повикува надлежните институции во Град Скопје да преземат соодветни и брзи мерки за решавање на овој проблем.
„Нашата цел е да обезбедиме сигурност и убавина за сите жители на Скопје“, велат од ЛДП.