Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Ѕвездата на Милан посочува дека сака да „освојува големи работи“ со „Росонерите“, на кои е фокусиран во блиската иднина, и дека не го привлекуваат високите плати кои ги добиваат фудбалерите во Саудиска Арабија.

24-годишното португалско крило потпиша нов петгодишен договор со клубот во јули и е во добра форма со 3 гола и 2 асистенции во првите шест меча во сите натпреварувања, но италијанските медиуми го критикуваа што ги избегнува дефанзивните обврски и го критикуваат тренерот Стефано Пиоли дека целата игра на тимот се врти околу него.

„Верувам дека клубот е на вистински пат, успеавме да стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите, и сега целта мора да биде да продолжиме да растеме, да носиме засилувања, да бидеме посилни. Сигурен сум дека Милан ќе се врати на титулите од Лигата на шампиони, што е нашата главна цел. За мене, јас сум млад и сакам да освојувам големи работи со Милан. Имам одиграно над 20 меча во Лигата на шампионите, така што имам искуство“, вели Рафаел Леау во интервју за магазинот GQ.

Потоа тој зборуваше за својата иднина.

„Никогаш не вели никогаш, но јас сум во клуб кој ме прими многу добро и затоа го обновив договорот, што немаше да го направам ако мислев на заминување. Сакам следните две-три години да освојам големи работи со Милан. Не сум подготвен да одам во саудиската лига. Последните денови парите се погласни, но за мене Лигата на шампиони е поважна од плата од 10 милиони евра, на пример“, вели Леау.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Фудбал

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Read more

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Read more

Што се случува во Евертон?

Read more

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна партија на Леброн Џејмс за финалето на НБА Купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите десни крила во фудбалот во 21 век

Читај повеќе

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе