НБА 2021/22

Леброн брутално удри противник и заработи исклучување, Лејкерс славеа со пресврт

Кошаркарите на Детроит Пистонс беа поразени на домашен терен од Лос Анџелес Лејкерс со 115:121, а натпреварот го одбележа ударот на Леброн над Стјуарт по кој речиси дојде до општа тепачка.

Детроит имаше 15 поени предност во пресрет на последната четвртина, но и тоа не беше доволно за да слави. Лејкерс направија феноменална серија и успеаја да ја надоместат негативата, на крајот ја забележаа и деветтата сезонска победа, а на своето конто имаат и 9 порази. Детроит, пак, има скор 4-12.

Лејкерс до победата ги предводеше Ентони Дејвис со 30 поени и 10 скока, а одличен беше и Расел Вестбрук со 26 поени, 10 скока и 9 асистенции.

На Пистонс не им помогна ниту расположениот Џерами Грант со 36 поени, а Хамиду Диало додаде 17 поени.

Remote video URL

Инаку, натпреварот го одбележа и дуелот меѓу Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт, кој во еден дуел доби жестока тупаница во лицето од ѕвездата на Лејкерс и заработи исклучување на почетокот на третиот период.

Потоа следуваше голема мешаница на паркетот и страстите едвај се смирија, а до тој момент Џејмс постигна 10 поени.

URL

Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Далас Маверикс со 97:91, а меѓу гостите го немаше Лука Дончиќ. Во победничкиот тим Пол Џорџ постигна 29 поени, а Реџи Џексон 23. Кај гостите се истакнаа Кристапс Порзињѓис со 25 и Џејлен Брунсон со 20 поени.

Денвер Нагетс без повредениот Никола Јокиќ претрпе убедлив пораз од Феникс Санс со 126:97. Камерон Џонсон со 22 и Деандре Ајтон со 21 поен беа најефикасни кај Феникс, додека во редовите на Денвер Џеф Грин постигна 19, а Арон Гордон 16 поени.

Резултати:

Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 97:91
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Лејкерс 116:121
Чикаго Булс - Њујорк Никс 109:103
Феникс Санс - Денвер Нагетс 126:97
Голден Стејт Вориорс - Торонто Репторс 119:104

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе