Леброн ги напушта Лејкерс?

Леброн Џејмс минатата година потпиша двегодишно продолжување на договорот со ЛА Лејкерс, а втората година вклучува опција да одлучи дали сака да остане во клубот.

Договорот е вреден 99 милиони долари, а за сезоната 2024/25. треба да му донесе 51,4 милиони долари.

Се чини дека Леброн одлучи да ги напушти Лејкерс или барем размислува за тоа. Неговиот агент Рич Пол ова го кажа како гостин во емисија на TNT.

„Леброн е слободен агент. Морам да се фокусирам на работата“, изјави Пол за ѕвездата на клубот и најдобар стрелец на сите времиња во НБА (40.474 поени).

Од начинот на кој течеше разговорот во студиото, изгледаше како Пол да кажа повеќе отколку што сакаше.

Нов предизвик на 40 години?

Водителот на емисијата Крис Хејнс веднаш го праша дали тоа значи дека Леброн Џејмс ќе ја одбие опцијата што ја има, на што Пол се повлече и рече: „Крис, знаеш дека не зборувам за работата јавно“. „Разбирам, но слушнав што рече“, одговори Хејнс.

Доколку се покаже дека Џејмс ги напушта Лејкерс, чиј член е од 2018 година и со кои го освои четвртиот шампионски прстен во 2020 година и инаугуративниот НБА куп минатата година, тој ќе може слободно да преговара со други клубови од 30 јуни.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, за многумина најдобар, во кариерата која започна во 2003 година, играше и за Кливленд Кавалирс и Мајами Хит.

Во декември го прослави својот 39-ти роденден.

Минатата сезона имаше просек од 25,7 поени, 7,3 скока и 8,3 асистенции по натпревар, а Лејкерс беа елиминирани од плејофот од Денвер Нагетс уште во првото коло.

реклама

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Голем неделен хороскоп од 24 до 30 јуни

Read more

Кого ќе го стигне кармата со доаѓањето на ретрограден Сатурн?

Read more

Еден јасен симптом сигнализира дека е време да се проверат бубрезите

Read more

Кошарка

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Read more

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Read more

Бостон Селтикс станаа рекордни НБА шампиони

Read more

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Read more
 

Спорт

Голем кикс на Бразил на стартот на Копа Америка

Читај повеќе

Скока бројот на срцеви удари за време на натпревари

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе

Коефициентот за нерешено вртоглаво паѓа, сомнеж во регуларноста на натпреварите на ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Заслужен црвен картон: Брутален старт на Копа Америка

Читај повеќе

Копа Америка: Мексико славеше, го видовме и првото големо изненадување

Читај повеќе

Навивач на ЕУРО платил 60 евра за да гледа во столб

Читај повеќе
  • filter

Дали ќе чекаме упадите на навивачи на терен да станат опасни?

Читај повеќе