НБА 2021/22

Леброн го стигнува Мелоун, Јокиќ тагува и покрај одличната партија

Ноќеска на НБА терените се одиграа дури 12 дуели, а на многу од нив имаше голема драма, а видовме и две продолженија.

Фантастичен натпревар одиграа Кливленд Кавалирс и Денвер Нагетс, а по продолженијата победата им припадна на домашните со резултат од 119:116.

Беше вистинска пресметка помеѓу Лаури Марканен од една страна и Никола Јокиќ од друга. Српскиот кошаркар беше поефикасен за еден поен (32 поена, 10 скока и 8 асистенции), но Марканен се покажа како човек на одлука.

Финецот постигна 31 поен и додаде 10 скока со 3 асистенции. Тој го предводеше својот тим до победата, иако Јокиќ погоди во последната минута од четвртиот период за продолженија (107:107).

Токму Марканен ја погоди клучната тројка и донесе 117:114 за својот тим на 28 секунди до крајот. Тука веќе немаше враќање во Денвер.

Remote video URL

Уште еден српски кошаркар со поени отиде на 30 плус. Токму Богдан Богдановиќ ја предводеше својата Атланта Хокс до победата над Мемфис Гризлис со 120:105.

Одличен дуел одиграа Бруклин Нетс и Портланд Трејл Блејзерс, а на победата крајот ја однесе домаќинот со 128:123. Кевин Дурент постигна 38, а Стеф Кари 27 поени во победничкиот тим, дуо за кое гостите немаа решение.

Remote video URL

Продолжение видовме и во Торонто каде домашните Репторс беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс со 123:128. Гостите ги предводеше одличниот Леброн Џејмс со 36 поени, 9 скока и 7 асистенции.

Remote video URL

Со ваквата партија Џејмс дојде на само 20 поени зад Карл Мелоун и стана вториот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата. На првото место и понатаму е неприкосновениот Карим Абдул-Џабар со 1.500 поени повеќе од Леброн.

URL

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Далас Маверикс 111:101
Атланта Хокс - Мемфис Гризлис 120:105
Бруклин Нетс - Портланд Треил Блејзерс 128:123
Кливленд Кавалирс - Денвер Нагетс 119:116
(прод.)
Њујорк Никс - Вашингтон Визардс 100:97
Торонто Репторс - Лос Анџелес Лејкерс 123:128
(прод.)
Хјустон Рокитс - Индијана Пејсерс 118:121
Мајами Хит - Оклахома Сити Тандер 120:108
Сан Антонио Спарс - Њу Орлеанс Пеликанс 91:124
Јута Џез - Лос Анџелес Клиперс 121:92
Феникс Санс - Чикаго Булс 129:102
Сакраменто Кингс - Бостон Селтикс 97:126

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе