Кошарка

Леброн: Коби, ветувам дека ќе го продолжам твоето наследство

28. јануари 2020 - 8:19 | Кајгана/МИА

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, прв пат ги сподели своите емоции по смртта на неговиот пријател, легендарниот поранешен кошаркар Коби Брајант.

– Не сум подготвен, но ќе продолжам. Се запрашувам што да напишам во оваа објава, затоа што секој пат почнувам одново да плачам кога ќе се сетам на тебе и на нашето пријателство. Никогаш не би помислил дека во недела наутро ќе биде нашиот последен разговор. Брат, јас сум скршен и уништен. Те сакам, мој постар брат. Со целото срце сочувствувам со Ванеса и ќерките.

Ветувам дека ќе го продолжам твоето наследство. Ти многу им значиш на навивачите на Лејкерс, и јас мора да го преземам товарот врз себе и да продолжам во иста насока. Те молам, дај ми сила од небото и внимавај на мене.

Сакам да кажам многу повеќе, но сега не сум во можност да го сторам тоа. Се гледаме, мој постар брат, напиша Леброн на социјалните мрежи.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана заедно со уште седум други лица, пред два дена загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. 

Коментирај