Кошарка

Леброн му ја подари 23-ката на Дејвис

28. јуни 2019 - 10:59 | А.С.

Леброн Џејмс одлучи да го подари својот број на дрес на новата ѕвезда на Л.А. Лејкерс, Ентони Дејвис, објави Yahoo Sports.

Така, Дејвис ќе продолжи да го носи дресот со број 23 што го имаше во седумгодишната кариера. Џејмс истиот број го носеше минатата сезона во Лејкерс, како и во Кливленд, но во Мајами носеше „шестка“. Уште не е одлучено кој број ќе го носи следно.

Дејвис наводно бил многу благодарен на ваквиот гест, а Yahoo Sports додава дека Џејмс прави сѐ што е можно за неговиот нов партнер на паркетот да се чувствува што е можно поудобно.

За потсетување, Лејкерс и Пеликанс месецов договорија трејд за Дејвис, што значи дека по неуспешната измината сезона, конечно обезбедија втора ѕвезда откако Леброн дојде минатото лето.

Трејдот ќе биде официјализиран на 6 јули.

Коментирај