НБА 2024/2025

Леброн одличен ама недоволен, Филаделфија ги изненади Лејкерс

Во ноќта зад нас се одиграа само четири натпревари на НБА паркетите, но имаше и возбудувања и изненадувања во кои се издвојуваат победите на Филаделфија и Портланд.

Леброн Џејмс одигра одличен натпревар за својот Лос Анџелес Лејкерс, но недоволно за победа против Филаделфија 76ерс. Домашната екипа изненадувачки победи со 118:104.

Џејмс како во најдобрите денови постигна 31 поен, 9 асистенции и 8 скокови, но на другата страна беше надминат од Тајрис Макси со фантастични 43 поени.

Remote video URL

Изненадување беше и победата на Портланд Треил Блејзерс над Милвоки Бакс од 125:112. Колку што самиот триумф на Трејл Блејзерс е изненадување, она што е уште поизненадувачки е начинот на кој го постигнаа со толку импресивна разлика.

На гостите не им помогна ниту тоа што Јанис Адетокунбо постигна 39 поени, 12 скока и 5 асистенции.

Remote video URL

Атланта Хокс беа поразени на домашен терен од Хјустон Рокетс со 100:96, а ниту овој пат во домашниот тим го немаше Богдан Богдановиќ, кој поради „лични причини“ сѐ почесто ги пропушта натпреварите, а сѐ појасно е дека го чека трејд во иднина.

Дури и неговата Атланта на официјалните канали објави дека српскиот кошаркар не е таму поради лични причини.

Поголема возбуда немаше во релативно лесната победа на Голден Стејт Вориорс над Јута Џез со 114:103.

Резултати:

Атланта Хокс - Хјустон Рокитс 96:100
Филаделфија 76ерс - Лос Анџелес Лејкерс 118:104
Голден Стејт Вориорс - Јута Џез 114:103
Портланд Треил Блејзерс - Милвоки Бакс 125:112

Табела:

реклама

Кошарка

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more

Менаџерот на Далас: Не жалам за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Читај повеќе
  • play_arrow

Заради ова гледаме фудбал!

Читај повеќе

Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Германска водителка виновна за наводниот развод на Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Читај повеќе