Леброн погоди со сирената за победа над Торонто, Бостон на чекор од финале на Истокот

Кливленд, 06 мај 2018 (МИА) - Леброн Џејмс по којзнае кој пат го извлече Кливленд Кавалирс од проблеми и го одведе до победа. „Кралот“ реализираше кош со сирената, за да може неговиот тим да поведе со 3:0 во победи во полуфиналната плејоф серија во Источната конференција против Торонто.

Благодарение на неговата изведба, Кавс победија со 105:103 и се само на чекор од финалето на конференцијата.

Инаку Кавалирс имаа надмоќ во првите три четвртини од натпреварот, но во последната Торонто ја презеде иницијативата и го израмни резултатот на 8 секунди пред крајот. Потоа, на сцената излезе Леброн Џејмс.

Неговите соиграчи ослободија доволно простор за докажување на теренот, тој направи самостојна акција, при што ја помина одбраната на противникот и од табла ја испрати топката во мрежата во последниот можен момент од дуелот.

Генерално, Џејмс повторно беше незапирлив со 38 поени, 7 асистенции и 6 скокови. Кевин Лав, исто така, беше одличен за домашниот тим и со дабл-дабл учинок од 21 поен и 16 скока даде значаен придонес во успехот.

Кајл Лаури со 27 поени и 7 асистенции беше најдобар кај Рапторс, а Јонас Валанчунас постигна 10 поени и 11 скокови.

Следниот натпревар од серијата е на 8 мај и повторно е во Кливленд, а при победа, Леброн и компанија ќе се пласираат во финалето на Истокот.

Ал Хорфорд пак ги приближи Бостон само на победа од финалето во Источната конференција откако имаше голем придонес при успехот со 101:98 по продолжение против Филаделфија. Селтикс водат со 3:0 во серијата и може да ги завршат работите во следниот меч.

Хорфорд имаше само 2 поени во првите 3 дела, но потоа се разигра, откако излезе на сцената во последните секунди, кога прво беше пронајден под кошот и реализираше, за да донесе предност од 99:98 на својот тим.

Поважната акција сепак следеше, кога украде топка од Џоел Ембид и беше фаулиран, а потоа ги постигна и двата удари од линијата за слободни. Обидот за тројка на Марко Белинели со сирената сепак не ја погоди целта и Сиксерс доживеа трет последователен пораз.

Токму Италијанецот сепак го донесе продолжението, откако постигна од крило на самиот крај на регуларното време. Претходно, Џејлен Браун им даде предност на гостите по брз напад на само 1,7 секунди пред крајот. Сепак, Белинели изедначи.

Дебитантот Џејсон Тејтум повторно беше импресивен за Бостон, завршувајќи со 24 поени. Тери Розиер додаде 18, Џејлен Браун 16, а херојот Хорфорд се истакна со 13.

За домаќините Џоел Ембид заврши со 22 поени и 19 скока.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе