Леброн: Се вакцинирав, но не сакам да ги повикувам другите да се вакцинираат

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, не сака да ги повикува другите луѓе да се вакцинираат против коронавирусот, иако неговото семејство и тој се одлучија за да примат вакцина.

Вакцинирањето на играчите од НБА е сѐ почеста тема, бидејќи се ближи почетокот на сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот. Според информациите, досега 90% од играчите ја примиле вакцината, но недостасуваат некои од големите ѕвезди како Кајри Ирвинг и Бредли Бил.

„Можам да зборувам само за себе. Секој има право да го прави она што мисли дека е исправно за него и за неговото семејство. Бев скептичен, но по истражувањата сфатив дека е најдобро за мене и за мојата фамилија да ја примиме вакцината“, вели Леброн.

Веројатно највлијателниот играч во НБА, сепак, не сака да го искористи својот статус и да ги повика другите да го следат неговиот пример.

„Тука станува збор за тело на поединец. Не се работи за политика, расизам или полициска бруталност. Се работи за благосостојбата на луѓето и мислам дека не треба да се мешам. Знам што направив и што направија моите пријатели, но не сакам да повикувам никого да го стори истото“, рече НБА ѕвездата.

Предсезоната во НБА започнува на 3 октомври, а лигашките натпревари ќе започнат на 20-ти истиот месец.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе