Подготовки за сезоната

Леброн со синот испишаа НБА историја

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс си го исполни сонот откако синоќа играше заедно со синот Брони на официјален натпревар и со тоа влезе во историјата на НБА.

Леброн и Брони играа за Лос Анџелес Лејкерс во претсезонскиот пораз од Феникс (118:114) и на тој начин станаа првите татко и син кои играле заедно на кој било натпревар во НБА.

Тоа беше само увид во историскиот момент што ќе се случи кога на крајот на октомври официјално ќе почне сезоната во НБА, бидејќи овој дуел сепак се играше како загревање.

Леброн го заврши натпреварот со 19 поени, пет скока и четири асистенции за 16 минути, додека Брони имаше само два скока за 13 минути.

Инаку, Леброн во декември ќе наполни 40 години, а минатата сезона имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока на 71 натпревар.

Од друга страна, Брони беше драфтуван со 55-от пик и потпиша четиригодишен договор вреден 7,9 милиони долари.

реклама

Кошарка

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Read more

Димитријевиќ го напушта Милано?

Read more

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе