Лечете се навреме – вирусите и настинките водат до сериозни проблеми

Обичната настинка, па и некои респираторни инфекции предизвикани од вируси, може лесно да се „префатат“, а откако ќе се заразите, овие состојби може да бидат причина за многу посериозни болести – ревматска треска, влошување на алергии, ослабување на срцето...

Настинката заедно со ослабен имунитет по правило значи појава на бактерија. Тие се главна причина обичното вирусно воспаление да се искомплицира и да премине во инфекција на увото, хронично воспаление на синусите, долготрајна кашлица и воспаление на белите дробови.

Кардиолозите предупредуваат дека респиратирните инфекции, пред сѐ грипот, неколку пати ја зголемуваат опасноста од ослабување на срцето.

Ако тегобите не се повлечат за три до четири дена и ако дојде до влошување, во смисла на отежнато дишење, болка во градите или омалаксаност, веднаш побарајте помош од лекар, советуваат тие.

Првите знаци што укажуваат дека дошло до значително оштетување на срцето се болка во градите, неправилна работа на срцето, омалаксаност, отекување на нозете... Ако воспалението на срцевиот мускул не се открие навреме и не се лекува на соодветен начин, може да дојде до трајно оштетување на срцето како хрнична срцева инсуфициенција, а може да заврши и фатално, предупредуваат лекарите.

Бактериското воспаление на грлото исто така се смета за сериозна компликација од настинка, бидејќи предизвикува појава на ревматска треска.

Ревматската треска најчесто ги опфаќа залистоците на срцето и се појавува кај околу 3% од пациентите кои не ја лекувале инфекцијата со стрептокока со соодветен антибиотик. Кај овие пациенти може да дојде до сериозно оштетување на залистоците што потоа ќе мора хируршки да се решава.

Инфекцијата на синусите, ако не се дијагностицира и лекува веднаш, може да премине во хронично воспаление на синусите. Честа последица на настинка е и воспалението на уво, особено кај децата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе