Ледецка стана првата жена со златни олимписки медали во два различни спортови

Откако минатата недела славеше во супервелеслалом, Чехинката Естер Ледецка во Пјонгчанг освои златен медал и во сноуборд и така стана првата жена која освоила златни медали во два различни спортови на Олимписките игри.

Победата на 22-годишната Ледецка во супервелеслалом дојде како големо изненадување, додека нејзината победа во сноуборд натпреварувањето беше сосем очекувана.

На второто место, позади Чехинката, се пласираше Селина Жорг од Германија, која во финалето беше побавна за само 0,46 секунди. Бронзена во сноуборд натпреварувањето во женска конкуренција беше Тересија Хофмајстер која исто така ја претставува Германија.

Естер Ледецка е само петтиот спортист кој освоил златни медали во два различни спортови на Олимписките игри, а сите 4 претходни случаи се мажи.

Нејзиниот успех и приказна ќе бидат една од најзборуваните теми по крајот на ЗОИ во Пјонгчанг, бидејќи за да се натпреварува во супервелеслалом таа мораше да позајми скии, кои потоа се покажаа како победнички.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе