Шокантно признание

Легендарниот атлетичар откри: Се викам Хусеин и сум жртва на трговија со луѓе

Славниот британски атлетичар Мо Фарах во документарец на BBC го шокира светот со признанието дека како дете бил доведен во Обединетото Кралство илегално и тоа како жртва на трговија со луѓе, па бил принуден да работи како слуга.

Најуспешниот атлетичар откри дека името Мохамед Фарах му го дале истите луѓе кои го довеле на островот, а вистинското име му е Хусеин Абди Каин. Како деветгодишно момче бил доведен од Џибути, а кога пристигнал бил принуден да работи како слуга во едно семејство.

Легендарниот спортист претходно тврдеше дека пристигнал од Сомалија како дете бегалец, додека сега е откриено дека  неговиот татко Абди бил убиен во нередите во Сомалија кога тој имал само 4 години.

Фарах вели дека имал околу 9 години кога бил одведен од дома, а жената која подоцна го одвела во Обединетото Кралство му кажала дека оди кај семејството, па тој бил возбуден поради тоа. Но, жената го одвела во Лондон и пред него ги искинала сите документи кои го спомнувале неговото вистинско семејство.

„Ги искина сите документи пред мене и ги фрли во канта. Во тој момент знаев дека сум во неволја. Морав да работам и да се грижам за деца во едно семејство ако сакав да јадам. Често се заклучував во бањата и плачев“, откри Мо.

Семејството во кое работел не го пуштало да оди на училиште, а на 12-годишна возраст сепак почнал да оди. Неговиот професор по физичко Алан Ваткинсон забележал дека момчето се трансформира кога ќе застане на патеката за трчање.

„Единствено што можев да направам за да побегнам од оваа ситуација е да излезам надвор и да трчам“, вели Фарах.

Откако му се доверил на професорот, наставникот повикал социјална служба и успеал да го смести детето кај друго семејство од Сомалија. Подоцна, почнал да се докажува како спортист и вели дека сака неговата приказна да поттикне расправа за трговијата со луѓе и ропството.

„Не знаев колку многу луѓе минуваат низ она што го минав јас. Тоа само покажува колку среќа имав. Тоа што ме спаси, што ме издвои од другите е што можев да трчам“, вели Мо Фарах.

URL
Тагови
реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Останати спортови

Австралијките се нови светски рекордерки на 4×200 слободен стил

Read more

Златен медал за македонскиот карате тим на Универзијадата во Полска

Read more

Аманда брутално ја претепа Пења, испи пиво и ја напушти салата со патерици

Read more

Светски шампион во бокс претепа аматер кој дојде во теретана и го предизвика

Read more
 

Спорт

Роналдо додаде причини за заминување од Јунајтед

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд цензуриран поради вулгаризми: Не ми оди јазикот

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот со „ножички“ на Меси ги одушеви и противничките навивачи

Читај повеќе

Баерн радикално штеди: Без гас и топла вода на Алијанц Арена

Читај повеќе

Чави ентузијаст пред почетокот на сезоната

Читај повеќе

Зверев откри дека има дијабетес и отвори фондација

Читај повеќе

Дали „деветката“ во Челси е проколната?

Читај повеќе

Конте: Мразам лажговци

Читај повеќе

Фудбалер на Малме ја пропушти сопствената свадба поради натпревар

Читај повеќе