Познатиот автомобил DMC DeLorean од франшизата „Back to the Future“ ќе се „оживее“ во форма на спортски електричен автомобил.

Твитот од компанијата која ги поседува правата на брендот DeLorean, DeLorean Motor Company, го потврдува доаѓањето на електричниот автомобил со вратата од галебите.
Во проектот на новиот и напреден DeLorean е вклучена и компанијата Intaldesign, основана од Џорџето Џуџаро, а ова е навистина одлична вест бидејќи токму Џуџаро го „потпиша“ дизајнот на оригиналниот DeLorean.

Приказната на DeLorean е добро позната, а славата ја стекна во филмовите „Back to the Future“. Од друга страна, DeLorean Motor Company е компанија основана во 1995 година од Британецот Стивен Вин, и нуди поправки и реконструкции на оригинални автомобили. Компанијата имаше неколку обиди да го врати легендарниот автомобил во живот, во 2016 година беа произведени реплики, а во 2011 година се појави електрична верзија со 200 КС.
Меѓутоа, овојпат ѕвездите треба да се поклопат на идеален начин.