Легендарниот Пол Сајмон најави последна турнеја, па крај на кариерата

Легендарниот музичар Пол Сајмон најави дека ќе се повлече оваа година и дека поради тоа ќе направи последна турнеја со која ќе се збогува од своите обожаватели.

Турнејата „The Homeward Bound“ ќе опфати концерти во Велика Британија и САД.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Сајмон го опишува своето пензионирање како природен крај на кариерата.

Истакна дека тоа му претставува некој вид на олеснување, бидејќи моментално не може да посвети доволно време на сопругата и семејството.

Покрај тоа истакна и дека смртта на гитаристот во неговиот бенд имала влијание во донесувањето на неговата одлука. Сајмон, сепак, остави простор за повремено враќање на сцената, во вид на некои хуманитарни концерти.

Сајмон музичката кариера ја започна пред повеќе од 60 години, каде со својот школски пријател Арт Гарфанкел настапувал под име „Том и Џери“.

После краткото растурање на бендот, повторно ги здружиле силите во 1963 година, а набргу стекнале светска слава со безвременскиот хит „The Sound of Silence“.

Тие станале едни од најпопуларните музичари во светот во тоа време, посебно после објавувањето на хитовите „Bridge Over Troubled Water“ и „Mrs Robinson“.

Сајмон и Гарфанкел конечно ја прекинале соработката во 1970 година, а Сајмон започнал соло кариера.

Издал неколку исклучително успешни албуми, како „Still Crazy After All The Years“ од 1975 година, а деценија подоцна и „Graceland“.

Во текот на својата кариера, Сајмон издал 13 соло албуми и освоил 16 Греми награди.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе