Comedy Central минатата недела објави официјални информации кои потврдуваат дека новиот „Beavis and Butt-Head“ филм наскоро ќе пристигне.
Анимираниот филм ќе биде ексклузивно пласиран на Paramount+ платформата, а воедно ќе биде вториот некогаш снимен филм за овие два лика, по „Beavis and Butt-Head Do America“ од 1996 година.
„Делува како да е вистинското време овие двајца да се вратат во голем стил“, вели Мајк Џаџ, главниот креатор на ликовите.