Легијата го промовира новиот албум - „Легијата на проколнатите“

Осум години по првиот албум, „Лош ден за империјата”, хип хоп колективот Легијата го најавува нивното второ официјално издание. Насловено како „Легијата на Проколнатите”, воедно и име кое беше и официјално користено во почетоците на творењето на оваа групација, има за цел да ги спои љубителите на оригиналниот хип хоп звук од сите генерации одеднаш. 

Како и секогаш во издание на издавачката куќа Suriken records, овој пат поддржано од проектот „Даб за музика”, промоцијата на албумот е закажана на сабота на добро познатата локација во фоајето на Кино Фросина во склоп на Младинскиот културен центар во Скопје со почеток од 20 часот. Влезот е слободен и добредојден е секој, велат од Легијата.

Легијата кани на целовечерна забава проследена со музички DJ сет од веќе реномираниот DJ Славе, официјално преслушување на албумот и интерактивно дружење со членовите на колективот.

Албумот е снимен во период од 2014-2016 година во студиото на Suriken records, содржи 18 песни, вклучувајќи ги и веќе добро познатите два сингла „1Л” и „Волку кошта”, како и синглот од најновото видео „Нема втора шанса”. Како продуцент во поголем дел на албумот се јавува Ненад Стефановски-Foolish Green со ко-продукција на Владимир Џокиќ-Да Џака Накот, како и продукции од Антонио Аранѓеловиќ-Tonyo San, Гоце Наумовски и Гоце Трпков-ДЈ Гоце(САФ). 

Легијата најавува и заокружување на оваа 2016 година со голем целовечерен концерт при крајот на годината во Скопје, а следува и летна турнеја низ Македонија.

Слушнете ја најновата песна и видео од Легијата, „Нема втора шанса”: 

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=JaS5y0YuGB8]

 

реклама

Мурињо го одржа зборот: Се сликаше со македонскиот новинар

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Read more

Цицлест четврток

Read more

МК сцена

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35. „Макфест“

Read more

„Параноја“ е новата песна на култните „Санаториум“

Read more

„Уживања“ со прилепчаните The Dreamers

Read more

„Дај замижи“ – прва авторска песна на кавадарчаните 4U Band

Read more

Сцена

„Синеплекс“ повторно ги отвора киносалите

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за анимираната авантура „Over The Moon“

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави официјалниот трејлер за хорор-серијата „The Haunting of Bly Manor“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 ликови на вонземјани на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Ако ја сакавте „Vikings“, ќе ја обожавате историската сага „The Barbarians“

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави морничавиот трејлер за филмот „Cadaver“

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови авантури на праисториското семејство во трејлерот за „The Croods: A New Age“

Читај повеќе

Што ќе гледаме вечерва на Синедејс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Седумгодишната Лена напиша искрена критика за „Стела“

Читај повеќе