Во тек е снимањето на римејкот „A Star Is Born“ со Бредли Купер и Лејди Гага во главните улоги. На интернет е објавена фотографија од една нивна романтична сцена на мотор.
Дејството во филмот се одвива околу музичката кариера на една млада жена. Лејди Гага ја толкува улогата на Али, додека Бредли Купер е режисер на филмот и ја толкува машката главна улога.
Премиерата е закажана за септември, 2018 година.