Лејди Гага објави нова песна, спотот е снимен со iPhone 11 Pro

Поп-ѕвездата Лејди Гага рано утрово го објави најновиот сингл „Stupid Love“ во пакет со видеоспот.

Ова е прва објавена песна на Гага по огромниот успех со саундтракот од филмот „A Star is Born“. Таа доби номинација за Оскар за главната улога филмот (нејзина прва улога во филм), а го освои Оскарот за најдобра оригинална песна таа година за „Shallow“.

Новата песна на Гага во аудиоформат пиратски беше објавена пред три недели и нестрпливите фанови веќе знаеја како звучи, но сега го добија целиот пакет, со видеоспот.

Она по кое се истакнува овој видеоспот на Лејди Гага, за кој беа објавени два тизера на YouTube каналот на пејачката, е што е снимен со iPhone 11 Pro.

Новиот сингл на Лејди Гага е достапен на Apple Music и претставува најава за следниот албум на поп-ѕвездата кој најверојатно ќе биде насловен Chromatica. Тоа ќе биде шести студиски албум на Лејди Гага, а нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат по долгата музичка пауза.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе