Филм & ТВ

Лејди Гага открива детали од снимањето на филмот „A Star is Born“

12. октомври 2018 - 20:12 | А.С.

Лејди Гага е повторно во фокус на вниманието, овојпат со нејзината прва голема филмска улога во „A Star is Born“ во кој другата главна улога и режијата се на Бредли Купер.

Филмот веќе постигнува голем успех на киноблагајните ширум светот и актерите откриваат сѐ повеќе тајни и детали поврзани со снимањето, од кои дел се прилично шокантни.

Една од нив е дека Купер толку многу бил внесен во импровизирање во една од сцените што додал свои зборови надвор од сценариото и ја навредил Гага.

Се работи за сцената во која Али, ликот на Гага, се бања во када, а Џексон (Купер) доаѓа пијан и почнува да ја навредува нејзината музика, а потоа ѝ кажува дека е грда. Токму тој коментар за изгледот што не бил дел од сценариото, бил навредлив за Гага која останала шокирана од неговите зборови.

„Мојот шокиран израз на лицето е вистински. Кога Али кажува дека се чувствува дека е грда, тоа е вистинско. Јас сум несигурна. Сакам да им давам совети на другите, ама за себе тоа не го применувам“, раскажа Гага за „L.A. Times“.

Купер признава дека одглумил поинаку од планираното, но исто така бил одушевен од реакцијата на пејачката.

„Џек беше малку помрачен отколку што требаше и тоа беше тешка сцена, но нејзината реакција беше совршена“, изјави Купер за News.com.

„Тоа не беше пресметан потег за да извлечам нешто од неа. Тоа беа два лика во филмот. А Џексон удира во нејзините најболни точки“, го објаснува режисерот и актер неговиот потег.

Коментирај