После освоените Златен глобус и Оскар, Лејди Гага доби понуда за нова улога.
Пејачката ќе се појави во улогата на Одри во новиот филм „Little Shop of Horrors“, пренесува US weekly.
Познатиот мјузикл го следи Симор, осамен човек кој работи во цвеќарница и е лудо вљубен во колешката Одри. Тој открива необично растение-месождер, кое го нарекува Одри и го храни со човечко месо.
Сè уште не е познато кој ќе игра во главната машка улога, но убавата Одри ќе ја глуми Лејди Гага.
Пејачката за улогата во „American Horror Story“ го доби Златниот глобус, додека за филмот „A Star is Born“ освои Оскар за најдобра песна.