Лејди Гага често ги освојува сите погледи на црвениот тепих со нејзините несекојдневни модни комбинации.
Во процесот на промовирање на нејзиниот прв филм „A Star is Born“, а и сега откако почна сезоната на награди, Гага покажа дека и во елегантни комбинации е подеднакво впечатлива на црвениот тепих.
На доделувањето на наградите American Cinematheque Award Гага покажа дека е вистинска дама: долг чипкан фустан на Азедин Алаја во боја на шампањ и ретро шминка со нагласени црвени усни.
Женствена од глава до пети.