Кошаркарите на Филаделфија му го нанесоа еден од најтешките порази на Лос Анџелес Лејкерс, победувајќи со 44 разлика, 138:94.
Најголемиот гостински пораз на Лејкерс и понатаму е оној од јануари 2017 година, кога Далас беше подобар со вкупна разлика од 49 поени, 122:73, а воедно е и најтешкиот пораз за „езерџиите“ во историјата на НБА.
Макси ги предводеше Сиксерс до победата со 31 поен, осум асистенции и три скока, додека Ембиид додаде 30 со 11 скока и асистенции. Морис мечот го заврши со 16 поени, а Беверли додаде 12 со шест скока и три асистенции, додека Батум беше двоцифрен со десет поени, седум скока и четири асистенции.
Кај Лејкерс, Џејмс постигна 18 поени со пет асистенции, додека Дејвис додаде 17 со 11 скока и две асистенции. Ривс и Расел мечот го завршија со по 12 поени, а двоцифрен беше Принс со 11 поени и четири скока.
Пораз на синоќешните натпревари претрпе и другиот тим од Лос Анџелес. Клиперс беа немоќни на својот паркет против актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс, кој играше без Никола Јокиќ, Арон Гордон и Џамал Мареј (кој долго беше надвор од теренот), но тоа не ги спречи да слават со 113:104.
Џексон беше најдобар во победничкиот тим со 35 поени, 13 асистенции и пет скока, додека Џордан додаде 21 со 13 скока и пет асистенции. Колдвел-Поуп го заврши натпреварот со 12 поени, три скока и две асистенции, додека Холидеј додаде и 12, но со шест скока.
На другата страна Ленард постигна 31 поен со осум скока и три асистенции, додека Ивица Зубац додаде 23 поени со 14 скока. Вестбрук мечот го заврши со 14 поени, 11 скока и три асистенции, додека Харден додаде 11 поени со четири асистенции и два скока. Двоцифрен беше и Пауел со десет поени и два скока.
Детроит - Вашингтон 107:126
Индијана - Портланд 110:114
Филаделфија - ЛА Лејкерс 138:94
Јута - Њу Орлеанс 114:112
ЛА Клиперс - Денвер 104:113.