Кошарка
НБА 2019/2020

Лејкерс го добија дербито на Западот против Хјустон

19. јануари 2020 - 10:47 | МИА/КАЈГАНА

Лос Анџелес Лејкерс синоќа запишаа победа во дербито на Западната конференција. „Езерџиите“ ги победија „ракетите“ од Хјустон со 124: 115, иако заостануваа со 6 поени на паузата, но успеаја да направат пресврт по 32:17 во третата четвртина.

Тимот од Калифорнија покажаа цврста одбрана, принудувајќи го противникот да промаши 14 од првите 16 удари во третата четвртина.

Леброн Џејмс, кој заврши со 31 поен и 12 асистенции, имаше главен придонес за пресвртот. Кајл Кузма додаде 23 поени, додека Дани Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп завршија со по 20.

За Хјустон, ѕвездите Расел Вестбрук со 35 поени и Џејмс Харден со 34 беа најефикасни, но тоа не беше доволно за победа на домашен терен.

Резултати од НБА

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 130: 133

Бруклин – Милвоки 97: 117

Бостон – Феникс 119: 123

Атланта – Детроит 103: 136

Њујорк – Филаделфија 87:90

Чикаго – Кливленд 118:116

Минесота – Торонто 112:122

Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124

Голден Стејт – Орландо 109: 95

Оклахома – Портланд 119: 106

Јута – Сакраменто 123: 101.

Коментирај