Лејкерс го „растураат“ шампионот – сакаат да го украдат Клеј Томпсон

Лос Анџелес Лејкерс изгледаат како најголемиот победник од летото бидејќи успеаја да го потпишат најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс. Сепак, амбицијата на Лејкерс не застанува тука, затоа што тие имаат во план да потпишат уште неколку суперѕвезди.

Последните неколку години од кариерата на Коби Брајант и сезоните откако тој се пензинираше, Лејкерси имаа само епизодна улога во НБА лигата. Но, се чини дека од оваа сезона се става крај на темната ера на Лос Анџелес и почнува една нова ера – ера на победи.

На почетокот на летото се случи она што целата кошаркарска јавност го очекуваше последната деценија – Леброн Џејмс потпиша за Лос Анџелес Лејкерс. Новото раководство на кошаркарскиот гигант има амбициозен проект во кој Џејмс, Лонзо Бол и Брендон Инграм ќе бидат споени со уште неколку врвни имиња од НБА лигата. Следна цел е Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери во историјата и актуелен НБА шампион.

Наредната сезона Клеј Томпсон ќе биде слободен агент, што значи дека ќе добие шанса да преговара со тимовите од лигата за тоа каде сака да потпише. А кога се случува тоа, Лејкерс секогаш имаат предност пред другите тимови поради богатата историја, одличната географска положба и отворениот маркет кој може да биде искористен во комерцијални цели.

Во текот на кариерата, Клеј Томпсон ниту еднаш не падна под 40% со шутот од линијата за три поени, а во последните три сезони тој постигнува по 20 поени по натпревар. Освен тоа, неговата игра во одбраната е крајно потценета, бидејќи тој е еден од најдобрите еден-на-еден дефанзивци во лигата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе