Кошарка

Лејкерс губат „со стил“: Ѕвезди во публика, тепачка на паркетот

21. октомври 2018 - 11:06 | МИА/КАЈГАНА

Леброн Џејмс не успеа да забележи победа во домашното деби за Л.А. Лејкерс, откако „езерџиите“ беа поразени со 115:124 од Хјустон Рокетс.

Гледачите во преполниот „Стејплс Центар“, меѓу кои и десетици познати личности од Лос Анџелес, видоа како „Кралот“ постигна 24 поени, но исто така и тројца избркани играчи, откако во последната четвртина дојде до тепачка на паркетот.

Инцидентот се случи по грубиот фаул на Брендон Инграм врз Џејмс Харден, кој го заврши мечот со 36 поени. Крилото на домаќините го удри противникот, по што дојде до тепачка меѓу Крис Пол и Ражон Рондо.

Се создаде сериозна мешаница, по што беа избркани Инграм, Пол и Рандо.

Инаку „езерџиите“ беа блиску до противникот речиси во текот на целиот натпревар, но како и против Портланд во последната четвртина не успеаја да стигнат до триумф, откако тимот од Тексас го освои периодот со 26:18, а Харден постигна 11 поени токму во решавачкиот период.

Крис Пол помогна со 28 поени и 10 асистенции за првиот триумф на Хјустон, додека Клинт Капела имаше 19 поени и 12 скока. Гостите имаа предност во скоковите од 54-44.

Резултати од натпревари во НБА:

Вашингтон – Торонто 113: 117

Индијана – Бруклин 132: 112

Њујорк – Бостон 101: 103

Филаделфија – Орландо 116: 115

Мајами – Шарлот 112: 113

Чикаго – Детроит 116: 118

Далас – Минесота 140: 136

Денвер – Феникс 119: 91

Портланд – Сан Антонио 121: 108

Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 115: 124.

Коментирај