Лејкерс и Селтикс се вклучија во преговори за трејд на Ентони Дејвис

Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, крилниот центар Ентони Дејвис, има само една година останато од договорот со клубот, по што ќе стане слободен агент и ќе има шанса да потпише со клуб по негов избор. Од таа причина, раководството на Пеликанс реши да го трејдува за да добие нешто за возврат, а два тима веќе се појавија како потенцијални дестинации за шесткратниот Ол Стар кошаркар.

Трејдот што не им успеа на почетокот на оваа година, Лејкерс ќе се обидат да го направат во текот на наредните неколку недели, но овојпат како конкурент го имаат Бостон Селтикс, кој најчесто излегува како победник од трејдовите со другите екипи од лигата.

Според еминентниот НБА инсајдер Ејдриан Војнаровски, Лејкерс ги понудиле Брендон Инграм, Лонзо Бол и четвртиот пик од овогодинешниот драфт во трејдот за Ентони Дејвис. Но, Њу Орлеанс Пеликанс не сакаат да прифатат ваква понуда бидејќи сакаат да вметнат и трет тим во дискусиите за трејд на нивната најголема ѕвезда.

Од друга страна, Бостон Селтикс и нивниот генерален менаџер Дени Ејнџ се подготвени да се откажат од дел од нивните млади играчи, во комбинација со еден или повеќе пикови на драфтот, за да го добијат Ентони Дејвис. Во овој тим се отвори место во селари кепот откако Кајри Ирвинг најави дека летово ќе стане слободен агент, па раководството ќе се обиде да го пополни тоа место со Дејвис, кој подолго време е на мета на Селтикс.

Раководството на Њу Орлеанс Пеликанс, предводено од новиот генерален менаџер Дејвид Грифин, инсистира на спроведување на трејд за Ентони Дејвис кој вклучува три тима со цел да добијат повеќе за возврат во размената за нивниот најдобар играч.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе