Лејкерс ја менуваат стратегијата поради Јокиќ

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, е воодушевен од играта на центарот на Денвер, Никола Јокиќ. Експертот истакна дека „Езерџиите“ ќе мора да ја сменат стратегијата од серијата со Хјустон и сега ќе ги користат своите високи играчи за да ѝ се спротивстават на sвездата на Нагетс.

Центрите на тимот, Џавеил МекГи и Двајт Хауард, добија вкупно само 23 минути во четирите победи на Лејкерс над ниската петорка на „Ракетите“ во полуфиналето на Западната конференцијата.

– Јокиќ е еден од најуникатните играчи во светот. Може да ве победи на кој било начин. Тој има способност да шутира од тројка, да игра под кошот и во транзиција, а што да кажеме за неговите додавања… Неговото присуство ќе ја направи серијата малку поинаква, дури и доста поинаква. Ќе мора да ги користиме нашите центри, не сакам да навлегувам во детали, но ќе бидеме ЛА Лејкерс, како што бевме цела сезона. Ние се прилагодивме на одбрана на тим со ниски пет, но сега очекувам да се вратиме во оптимална форма, рече Вогел.

Првиот натпревар помеѓу двата тима е во сабота наутро во 3:00 часот по македонско време.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе