НБА 2024/2025

Лејкерс на неверојатен начин загубија од Орландо

Ноќеска се одиграа четири натпревари во НБА лигата, а најголемото изненадување го видовме во „Стејплс Сентр“ каде Лос Анџелес Лејкерс беше на неверојатен начин поразен од Орландо Меџик.

Лејкерс на 27 секунди до крајот на мечот имаа предност од 118:114 и се чинеше дека ќе победат.

Но, по кошот на Франц Вагнер за 118:116, Ентони Дејвис промаши две слободни фрлања, а потоа Вагнер погоди тројка на 3 секунди пред крајот на натпреварот за Орландо да победи со 119:118.

Германецот Вагнер натпреварот го заврши со 37 поени, 11 асистенции, 6 скока и 4 украдени топки, а на другата страна најефикасен беше Дејвис со 39 поени и 9 скока. Леброн Џејмс постигна 31 поен со 10 скока и 7 асистенции.

Торонто Репторс ја победи Минесота со 110:105. Во победничкиот тим Реџеј Барет постигна 31 поен, а Ентони Едвардс 26 поени за Минесота.

Шарлот ја прекина серијата од 4 порази и по продолжение го совлада Детроит со 123:121, додека Сан Антонио без Виктор Вембанјама ја забележа втората победа во низа, овој пат против Јута со 126:118.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Детроит Пистонс 123:121 прод.
Торонто Репторс - Минесота Тимбервулвс 110:105
Сан Антонио Спарс - Јута Џез 126:118
Лос Анџелес Лејкерс - Орландо Меџик 118:119

Табелa:

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Кошарка

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more

Лоши вести за Јокиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе