Кошарка

Лејкерси ќе ги повлечат двата броја кои ги носеше Брајант

13. септември 2017 - 9:16 | К.З.

На посебна церемонија која ќе се одржи 18 декември оваа година во „Стејплс Центар“, Лос Анџелес Лејкерс ќе го повлечат дресот на Коби Брајант.

Овој настан ќе биде навистина посебен бидејќи Лејкерси ќе ги повлечат двата броја кои Коби ги носеше во текот на својата кариера, 8 и 24, што ќе биде првпат во историјата на НБА лигата да биде повлечен повеќе од еден број кој го носел некој играч.

Коби дресот со број 8 го носеше од своето деби во 1996 до сезоната 2005/2006, кога започна да го носи бројот 24, со кој и ја заврши кариерата. Брајант освои три титули носејќи го бројот 8 на грбот, и две титули носејќи го бројот 24.

Тој се пензионираше по сезоната 2015/2016 во дресот на ЛА Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера. Легендата на „езерџиите“ со тимот освои пет шампионски титули, два пати беше прогласуван за МВП на финалната серија, а еднаш беше и МВП на регуларниот дел од сезоната.

Легендарниот Коби Брајант кариерата ја заврши со просек од 25 поени по натпревар, а на листата на најдобри стрелци се наоѓа на третото место. Пред него останаа само Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.

Коментирај