Лек од природата: Зошто треба да употребувате прополис?

Истражувањата потврдуваат дека во природата постојат многу производи со антибиотско дејство, а еден од нив е и прополисот, совршена намирница која го храни и лекува човечкото тело.

Прополисот е заедничкото име за смеса од смолести супстанци кои пчелите ги собираат од цветовите на различни билки, ензимски го модифицираат така што најважните супстанци, флавонидите стануваат активни материи.

Прополисот има специфичен изглед, уникатен горчлив вкус, карактеристичен и ароматичен мирис. Неговиот состав и бојата зависи од растителните видови од кои пчелите го собираат материјалот и од годишното време.

Во медицината традиционално се користи повеќе од 2.000 години за што сведочат бројни историски записи во кои може да се најдат податоци дека прополисот како лек го користеле Египќаните, Вавилонците, Арапите, Грците, Римјаните и други стари народи.

Кое е лековитото делување на прополисот?

Прополисот содржи 50% смола, 30% восок, 10% етерични масла, 5% цветен прав, многу витамини и минерали, органски киселини, полифеноли, флавониди. Овој лек на природата убива сè што му смета на здравиот организам, а истовремено го чува здравото ткиво и го лечи заболеното.

Бројни истражувања покажуваат дека е природен анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против повеќето вируси вклучувајќи го и вирусот на грипот. Одличен е во борбата против паразити и габични инфекции.

Прополисот стимулира создавање на нови клетки и регенерација на оштетеното ткиво. Помага и во случаи на тешка дијареја, кога другите лекови се беспомошни. Помага во нормализацијата на метаболизмот и имунитетот.

Помага при забоболка, парадентоза, непријатен здив, хемороиди, воспалени мочни канали и гастритис.

Како силен антиоксидант ефективно делува против слободните радикали кои се сметаат за причинители на многу болести. Најновите истражувања покажуваат дека прополисот го подобрува имунолошкиот систем и дека има антиканцероген ефект.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе