Македонија

Лекари од Судска медицина и балистичари ќе даваат исказ за „Монструм“

10. декември 2018 - 8:30 | МИА

Скопје, 10 декември 2018 (МИА) – Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.

На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.

Коментирај