Лекарите на Скрипал: Сите докази укажуваа дека нема да преживеат

Луѓето од лекарскиот тим што ги спасија двојниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија откриваат дека не очекувале жртвите од нервниот агенс да го преживеат нападот.

Скрипал и ќерка му беа најдени паднати на клупа на 4 март, но вработените во болницата Salisbury District Hospital првично не знаеја која е причината за нивната лоша состојба.

Директорката на медицинските сестри Лорна Вилкинсон рече дека клучниот момент бил кога полицаецот Ник Бејли бил примен со слични симптоми.

„Постоеше вистинска загриженост за тоа колку сериозна може да стане ситуацијата“, рече таа.

„Преминавме од двајца нулта пациенти кои во нешто што можеше да стане масовно и да донесе многу жртви. Во тој момент не знаевме многу.“

Главната сестра на тој оддел, Сара Кларк, која била дежурна таа ноќ, додава дека имало стравувања за здравјето на персоналот.

Таа нагласи дека во таа фаза од случајот немале преземено дополнителни мерки за заштита.

Кога им станало јасно со што се соочуваат, болничкиот персонал немал големи надежи дека двајцата пациенти ќе преживеат.

По неколку недели терапија и стручни совети од истражувачкиот центар Porton Down, Јулија и Сергеј беа пуштени од болница. Болничкиот персонал за прв пат јавно зборува во детали за несекојдневното искуство.

На крај памет нема да помислиш на тоа

Сведоштвата на болничкиот персонал укажуваат дека е од витално значење какви одлуки биле донесени во клучни моменти: брзото префрлање на интензивна нега, терапијата со тешки седативи за да се ограничи потенцијалното оштетување на мозокот и колку е важно да се примат совети од експерти и да се применат нивните предложени тестирања и терапии.

Кога двајцата пациенти биле примени во болница, првичните сомнежи биле дека се работи за предозирање со опијати.

„Ни беше кажано само дека има двајца пациенти во одделението за брза помош во критична состојба и дека ќе бидат пратени горе“, рече Кларк.

Меѓутоа, кога полицијата добила информација дека Скрипал е поранешен руски шпион, веднаш ја информирала болницата и се разговарало дека е можно да се работи за намерен напад.

Во болницата била прогласена вонредна состојба и полицијата презела мерки за дополнително обезбедување на Скрипал и ќерка му.

„Разговарав со одговорната медицинска сестра“, се присетува Данкан Мареј, консултант за интензивна нега во болницата.

„Тоа беше разговор што на крај памет не сум помислувал дека ќе го водам со некого... приканата за познат руски шпион кој е примен во болница под многу чудни околности.“

Додека траела постапката за лекување, болничкиот тим ја отфрлил идејата за труење со опијати и почнале да забележуваат симптоми типични за труење со нервен агенс.

Доктор Стивен Џукс, консултант на одделението за интензивна нега, вели дека кога сфатиле дека се работи за нервен агенс, не очекувале пациентите да преживеат.

„Ќе им ги дадевме сите терапии. Ќе им ја пружевме најдобрата болничка нега. Сепак, сите докази укажуваа дека нема да преживеат.“

Домашно лекување на непозната локација

Сергеј и Јулија Скрипал беа под силна терапија со седативи за да може да ја издржат тешката медицинска опрема на која беа приклучени, но и за да се избегне оштетување на мозокот, што е можна последица од труење со нервен агенс.

Со тек на време, дозата седативи била намалувана и биле префрлени од респиратор на цевка за дишење.

Откако состојбата им се стабилизирала, лекарите се фокусирале на враќање на основните телесни функции. Телото природно ќе го направи тоа, но по труење со нервен гас, процесот може да трае со месеци.

Јулија Скрипал беше пуштена од болница на 9 април, а на 18 мај беше соопштено дека и татко ѝ ќе биде пуштен на домашно лекување. Двајцата закрепнуваат на непозната локација.

Јулија се заблагодари за одличната тимска работа на лекарите, за фантастичната болничка нега и посветеноста на медицинските сестри.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе