Лекарите предупредуваат: Што треба да знаете пред да земете ибупрофен?

Како и секој друг лек, ибупрофенот има несакани ефекти.

Ибупрофенот првпат стана достапен во 1984 година како понежен и побезбеден лек од аспиринот. Тоа е нестероиден анти-инфламаторен лек кој се користи за ублажување на болката и намалување на температурата. „Ибупрофен е безбеден ако се користи правилно, но долгорочната континуирана употреба може да предизвика некои здравствени проблеми“, вели д-р Кенет Пери.

Подолу прочитајте што лекарите нагласуваат дека треба да знаете пред да земете ибупрофен.

Може да ја намали болката и воспалението

Ибупрофен работи со инхибиција на простагландин, хемикалија што се наоѓа природно во телото и е одговорна за појавата на воспаленија. Ибупрофен е прогласен за најбезбеден нестероиден антиинфламаторен лек на пазарот, а на некои им е полесно да го земаат од аспирин, затоа што е потребна помала доза за да почне да делува. Исто така, има помал ризик од иритација на стомакот.

Може да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар

„Лекови како ибупрофен доаѓаат со предупредување дека можат да предизвикаат поголем ризик од сериозни кардиоваскуларни состојби предизвикани од згрутчување, како срцев или мозочен удар. Оние кои ги земаат овие лекови треба да земат најниска можна доза доволна за да ја ублажат болката. Исто така, ако треба да ги земате овие лекови повеќе од една недела, задолжително консултирајте се со вашиот лекар“, вели д-р Лин Постон.

Може да предизвика главоболки

Иронично, првиот лек кон кој многумина од нас се свртуваат токму поради главоболки, може да предизвика главоболка ако се зема премногу често. „Рутинската употреба на лекови како ибупрофен за главоболки може да предизвика главоболки откако ќе престанеме да ги земаме“, вели д-р Постон.

Може да го зголеми притисокот

„Редовното земање ибупрофен може да го зголеми крвниот притисок“, вели Постон. Самиот висок крвен притисок често нема симптоми, но ако не се лекува, состојбата може да предизвика долгорочни последици во форма на кардиоваскуларни заболувања.

Може да го попречи делувањето на другите лекови што ги земате

Ако земате други лекови или додатоци со ибупрофен, разговарајте со вашиот лекар.

„Ибупрофен реагира со многу други лекови и додатоци без рецепт. Кога тоа ќе се случи, секое дејство на некоја активна супстанција во лекот може да се зголеми, што резултира со несакани ефекти. Може да се намали и дејството на активната супстанција, во тој случај не го добивате она што треба од лекот“, вели д-р Даниел Пламер.

Може да предизвика отоци

„Важен несакан ефект при земање ибупрофен може да биде и отекување на нозете или на целото тело“, вели д -р Магдалена Кадет. Отекувањето е предизвикано од вишок течност што се задржува во ткивото и е чест несакан ефект на нестероидни антиинфламаторни лекови. Обично поминува штом престанете да ги земате таквите лекови.

Може да предизвика гастроинтестинални проблеми

„Ако некој редовно зема ибупрофен, стомакот ја губи заштитната мембрана и постои поголем ризик од повреда. Со текот на времето, ова може да резултира со гастритис, чир или перфорација, што е крајно болно и може да доведе до крварење што може да биде опасно по живот“, вели д-р Бери Горлицки.

Може да предизвика оштетување на бубрезите

Никогаш не ја надминувајте препорачаната доза на ибупреофен, може да биде опасно.

„Ако не се земе правилно, ибупрофенот може да предизвика оштетување на бубрезите“, вели д-р Пери. Оваа штета во некои случаи може да биде неповратна и некои луѓе би можеле да завршат доживотно на дијализа.

Може да предизвика оштетување на црниот дроб

„Вашиот црн дроб метаболизира сѐ што консумирате. Хроничната употреба на ибупрофен може да ги оштети клетките на црниот дроб. За среќа, црниот дроб се обновува, но ако штетата постојано се повторува, може да доведе до цироза“, вели д-р Сидарт Тамбар.

Може да го зголеми ризикот од крварење

„Ибупрофен ја инхибира циклооксигеназата, ензим вклучен во процесите што го контролираат крварењето и хемостазата, процес кој го штити телото од прекумерна загуба на крв. Дневната долгорочна употреба на ибупрофен може да го зголеми ризикот од неконтролирано крварење“, вели д-р Мониша Баноте.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе