Лекции за успех од Стив Џобс за шефицата на Pepsi: Биди малку злобна

Кога Индра Ноји стана извршна директорка на Pepsi во 2006 година, веднаш отишла кај Стив Џобс по совет и помош.

„Љубезно се согласи да помине некое време со мене“, рече во една прилика Ноји и додаде дека разговарале околу три часа.

„Лекциите што ги сподели со мене беа феноменални“, вели таа и додава дека многу од нив применила во својата работа.

Ноји, една од најмоќните жени на светот, на 3 октомври ќе се повлече од позицијата по 12 години на чело на гигантот и сега ги споделува трите најважни лекции што ги научила од основачот на Apple и бизнис гуру.

Верувај во својата визија

Една од најкритичните лекции што Ноји ја научила за работата од Џобс е тоа колку е важно да останете верни на вашата визија. Тој ја научил како да го земете она во кое навистина верувате и да се држите до тоа, бидејќи, како што вели Ноји, „светот сака да се смените“.

Тоа го сменило начинот на кој размислува и почнала да гледа на Pepsi како на своја компанија и на себе како нејзин лидер, што ѝ дало сила да прави промени. Тоа ѝ овозможило да остане на таа позиција толку многу години, бидејќи сметала дека има право да носи радикални одлуки.

Остави свој печат

Прво прашање што Џобс ѝ го поставил на Ноји било како планира да остави свој печат во Pepsi. За неа приоритет бил дизајнот и сфатила колку е важно поврзувањето со секојдневниот живот на купувачот. Гледала како промените на пакувањето влијаат на муштериите и ѝ било важно како производите се поставени на полиците во маркетите и продавниците.

Никогаш не го заборавила неговиот совет и во првите неколку години на директорската позиција одела во продавниците секоја недела и ги фотографирала производите, а потоа им праќала критики и сугестии на тимовите за дизајн и маркетинг.

Биди малку злобна

Ноји е на чисто за една работа во бизнисот, а тоа го научила од Џобс: Биди балку злобна.

Стив ѝ рекол: „Ако некогаш не го добиеш тоа што го сакаш, а веруваш дека тоа е вистинското нешто за компанијата, во ред е да почнеш да расфрлаш сѐ околу себе.“

За работата ваквите испади понекогаш се начин да се сврти вниманието на работите кои се навистина важни.

„Луѓето ќе зборуваат за тоа и ќе знаат дека ви е важно.“

Ноји подоцна разговарала со партнерите на Џобс во Apple и се уверила дека навистина бил таков – ако некој му претставел дизајн на производ што не му се допаѓал, почнувал да се расфрла со документи низ канцеларија и барал да работат цела ноќ додека не се најде решение.

Таа прво фрлала весници, а подоцна и столици, а се научила и да го повиши тонот.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

Живот

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Колку често треба да ја перете постелнината? 

Read more

Магазин

Трик за сочно и меко печено пилешко

Читај повеќе
  • filter

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Читај повеќе

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Читај повеќе

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Читај повеќе

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Читај повеќе
  • play_arrow

Кремаст колач со мак и овошје

Читај повеќе

Секојдневни активности што можат да согорат повеќе калории

Читај повеќе

Теретана бонтон: Дали ги правите овие грешки?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за септември: За кого Венера ги враќа бившите?

Читај повеќе