Со есента доаѓаат денови на поројни дождови што неретко предизвикуваат „реки“ по улиците и формирање на вирови што ја зголемуваат опасноста од лизгање и аквапланинг или хидропланинг.
Возачи, ова можеби ви се нема случено или ви се случило и сте реагирале правилно, но секогаш е добро да знаете како точно се случува оваа опасна појава, како да ја спречите и што да направите во таква ситуација.
При аквапланинг, гумите се лизгаат, не реагираат на управувањето со волан, на кочење или на забрзување. Може и да дојде до лизгање и извртување на возилото.
Аквапланинг (хидропланинг) е појава која се случува кога водата ке се собере под гумата побрзо отколку што возилото со својата тежина може да ја истисне. Тогаш насобраната вода го подигнува автомобилот и тој плива на танок слој вода кој се формира измеѓу гумата и подлогата.
Како да одбегнете аквапланинг?
Во случај на дожд или вода на патот, следете ја состојбата на патот и прилагодете ја брзината – намалете ја брзината кога се доближувате до голем вир или застоена вода.
Секој месец проверувајте го притисокот во гумите. Ако изнесува помалку од 30% од препорачаното, значително го зголемува ризикот од пролизгување.
Што ако почнете да се лизгате?
Ако сепак дојде до пролизгување, немојте да паничите и никако немојте нагло да притиснете на сопирачките. Намалувајте го притисокот на педалот за гас додека не забавите, двете раце на волан и следете го движењето на возилото.
Многу е важно да не почнете нагло да го вртите воланот, дури и ако возилото почне да се движи кон работ на патот/улицата.