ФОРМУЛА 1 2020

Леклер се извини за судирот со Фетел

Ф1
МИА / КАЈГАНА
/ 13.07.2020 / 18:02

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер му се извини на тимскиот колега Себастијан Фетел за вчерашниот инцидент во трката од Формула 1 шампионатот во Австрија. Фетел, пак, изјави дека не очекувал обид за претекнување од неговиот колега.

„Разочаран сум од себеси. Не можам да опишам со зборови колку е срамно. Направив недопустива грешка. Ја уништив седумдневната напорна работа на целиот тим. Бев нестрплив во желбата да напредувам од самиот почеток. Ќе ја научам лекцијата од оваа грешка“, стои во извинувањето на Леклер.

По судирот во првиот круг, двајцата пилоти на Ферари беа принудени предвремено да ја завршат трката.

„Бев изненаден, не очекував Леклер да се обиде да ме престигне. Автомобилот овој пат беше многу подобар од пред една недела, па штета е што не бевме во можност да го провериме нашето тркачко темпо и нашите ажурирања“, изјави Фетел кој настрада ни крив ни должен.

На Големата награда на Австрија, втора по ред во оваа корона сезона, синоќа триумфираше Луис Хамилтон од Мерцедес, втор беше неговиот колега Валтери Ботас, а како трет на подиумот заврши Макс Верстапен од Ред Бул.

реклама

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од COVID-19

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Малку допири, многу уживање: Идеална секс поза за летните денови

Read more

Ф1

Болидот на Фетел ќе добие нова шасија за шпанското Гран при

Read more

Верстапен победник на јубилејната трка во Формула 1

Read more

Верстапен не верува во чудо: Хамилтон ќе биде шампион

Read more

Фетел: Не му верував на болидот

Read more

Спорт

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Читај повеќе

Ѓоковиќ одлучи да игра на УС Опен

Читај повеќе
  • filter

Озил бара поддршка за „Muslim Lives Matter“

Читај повеќе

Гасперини: Штета, помисливме дека сме во полуфинале

Читај повеќе

Сити испрати понуда за Кулибали

Читај повеќе

Пирло сака да го донесе Џеко во Јувентус

Читај повеќе
  • play_arrow

10 фудбалски легенди кои ќе се пензионираат до следната сезона

Читај повеќе

Формирани двојките за првото коло од НБА плејофот на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

ПСЖ за три минути стигна до полуфиналето

Читај повеќе